Градот Тетово со најмногу заболени од новите случаи со Ковид-19 во регионот


Градот Тетово со најмногу заболени од новите случаи со Ковид-19 во регионот - МИА

Тетово, 6 јуни 2020 () – Од 16 нови заболени во тетовско, 14 се жители на општина Тетово, информираат од тетовскиот Центар за јавно здравје. Тие 14 се претежно луѓе од градот, а има неколку случаи регистрирани во селото Селце.

– По еден случај има во општина Теарце и општина Јегуновце, потенцираат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Тетовскиот регион денеска има и едно лице кое се излечило, а според бројките на Институтот за јавно здравје вкупно оздравени во тетовски регион се 133 лица. Починати се вкупно 25 лица.

Сега има 115 активни случаи, односно заболени, а вкупно дијагностицирани се 273 луѓе во тетовскиот регион.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]