Градоначалнкот Дука во посета на дебарското муфтиство



Градоначалникот Хекуран Дука беше во посета на дебарското муфтиство, каде имаше срдечна средба со ново наменуваат координатор на муфтиството, Решат Качалнику.

-Посетата е со повод, а тоа е изборот на Качалнику на оваа функција. Му посакав многу здравје, среќа и успешна работа. Имаме многу заедничка работа за граѓаните на нашата општина, изјави Дука

Забагодарувајќи се на посетата муфтијата Качалнику рече дека максмално ќе се ангажира доследно и достојно да ја обавува оваа значајна функција и да ја оправда дадената доверба од страна на Риасетот а сето тоа во интерес на верниците и сите граѓани.

Со одлука на Риасетот на Исламската верска заедница на Македонија, како нејзин највисок орган, Каџалнику деновиве беше наменуван за координатор на дебарското муфтиство.

Четиресет и две годишниот Качалнику, завршил средно исламско училиште „Медресе Иса Бег“, а дипломирал на Факултетот за исламски науки во Скопје. Во служба на ИВЗ е дваесет и три години.

Досегашниот муфтија Рамазан Хаса, кој на оваа функција беше од 2013 година, сега е во пензија.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа  и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]