Градоначалникот на Радовиш додели сертификати за лични асистенти и негуватели


Градоначалникот на Радовиш додели сертификати за лични асистенти и негуватели - МИА

Струмица, 16 септември 2020 () – Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов денеска им додели сертификати за лични и образовни асистенти на лицата кои успешно ја завршија обуката според програмата на УНДП за општокорисна работа, информираат од Општината.


 

Во оваа програма, финансиски подржана од Општина Радовиш, беа вклучени 22 лица од кои 11 лични и образовни асистенти, 2 лица како негувател-воспитач на деца од предшколска возраст и 9 лица како соработници за посета на стари и немоќни.