Градоначалникот на Илинден, Стојаноски со честитка по повод патрониот празник


Градоначалникот на Илинден, Стојаноски со честитка по повод патрониот празник - МИА

Скопје, 31 јули 2020 () – Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојаноски им го честита патрониот празник на граѓаните, Илинден 2-ри Август“ и националниот празник Илинден. Тој посочи дека  иако не е време за прослави, не значи дека не треба со пиетет и дела да се одбележи овој голем ден за македонскиот народ, а посебно за општина Илинден.

-Годинава цврсто продолживме да одиме по зацртаниот пат којшто веќе 24 години е исполнет со континуиран подем на Општината во сите области на живеењето, со што навистина можеме да се гордееме. Честитајќи ви го Денот на Општината „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ – Илинден, убеден сум дека заедно можеме да постигнеме уште повеќе во насока на подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани, но и да поставиме солидна основа за генерациите што доаѓаат по нас, истакна во својата честитка Стојановски.

Додаде дека во првото полугодие од годината поради пандемијата активностите се одвивале во специфични услови но сепак, како што информира, во моментов општината спроведува проекти од сите области на надлежности.

Годинава се навршуваат 24 години од постоењето на Општината, а како што информираат општинските власти, со оглед на актуелната ситуација поради пандемијата со ковид-19 вирусот празникот ќе го пречекуваат во сосема поинаков амбиент, односно ќе изостанат бројни настани што секоја година го красеа одбележувањето на Денот на Општината.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*