Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус


Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус - МИА

Кочани, 7 април 2019 () – Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев денеска добил известување дека е позитивен на коронавирус, откако заедно со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина“ и „Филип Втори“ во Скопје.

Испитувањата Крстев ги направил откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани кој во понеделникот почина на Клиниката за инфективни болести како последица од вирусот.

– По информациите дека фризерот е заболен, на своја иницијатива направивме две тестирања со сопругата, при што првиот тест беше негативен, а вториот позитивен. Од 1 април сум во самоизолација, а ги известив и вработените во Општината да ја применат истата мерка. Во моментот немам никакви симптоми за нарушена здравствена состојба, но ќе видиме како ќе биде во наредните денови, вели  Крстев.

Во меѓувреме матичната лекарка на градоначалниот Крстев, Јасминка Ајтовска ги повика сите жители на општината да се јават кај своите матични лекари.

– Секој кој во последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината..да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника.заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми, истакна Ајтовска.

Градоначалникот Крстев порача дека не треба да се создаваат паника и негативни ставови во јавноста за него и членовите на неговото семејство, ниту пак за кој било друг граѓанин кој е позитивен на коронавирусот.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]