Градоначалникот Георгиевски донираше 10 таблети


Градоначалникот Георгиевски донираше 10 таблети - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски донираше 10 таблети за децата од ранливите категории. Со ова, тој преку личен пример ја почна акцијата за обезбедување технички средства за учениците од основните училишта од Гази Баба кои немаат можност за следење на онлајн наставата.

-Само неколку дена по јавниот апел се јавија голем број компании кои изразија интерес да се вклучат во оваа општествено-одговорна активност и да помогнат на што повеќе деца. Целта е со заеднички напори да овозможиме еднаква можност и квалитетно образование за секој ученик, а со тоа и надминување на предизвиците од минатата учебна година, кога дел од учениците не беа во можност да набават технички уред или кога во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од исто семејство, наведува Општината.

На почетокот на овој месец, за остварување на оваа цел, општина Гази Баба почна и постапка за набавка на 350 таблети. Од нив, 250 се набавуваат со средства на општината, а 100 со прераспределба на дотации од Министерството за образование и наука, кои се заштедија поради немањето физичка настава во училиштата.

-Секое дете има еднакво право на квалитетно образование, а општина Гази Баба и во иднина ќе ги вложува сите напори и ресурси со цел тоа да биде овозможено, пишува во соопштението.


Вести

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти. Најголем број случаи се потврдени […]

Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*