Крак од улицата „Ванчо Китанов“ во населба Сењак 4 во Штип, денеска се подготвува за асфалтирање. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека локалната самоуправа ја започна реализацијата на оваа активност како дел од годишната Програма, а поставување на асфалтниот слој е на барање на тамошните жители.
-Во изминатиот период како резултат на комуникацијата со нашите сограѓани нотиравме десетина краци од улици, коишто ги ставивме во Програмата за уредување на градежно земјиште и веќе започнуваме со нивно третирање и асфалтирање. Еден таков крак е и улицата „Ванчо Китанов“, односно дел од оваа улица, којшто досега не бил опфатен со асфалтна маса. Станува збор за десетина куќи коишто имаа проблем со уредувањето на нивните влезови. Денес започнавме со подговителните активности, а во наредните денови ќе се нанесе и асфалтниот слој, вели Јорданов.
За асфалтирањето на овој дел од улицата „Ванчо Китанов“ инвестицијата е 300.000 денари, средствата се од буџетот на Општина Штип.