Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари


Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари - МИА

Скопје, 31 јули 2020 () – Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари со цел подигање на нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка.

Опремата, како што соопштија градските власти, се состои од два шумски трактори – четвороцикли, рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили, а ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови.

Целта е да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни туристички дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Град Скопје ги реализира во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*