Град Скопје: Годинава помал прилив на финансиски средства поради коронавирусот


Град Скопје: Годинава помал прилив на финансиски средства поради коронавирусот - МИА

Скопје, 28 мај 2020 () – Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 1 јануари до 31 март. Како што соопштија градските власти, при остварувањето на приходите на Буџетот во првото тромесечје од оваа година, има помал прилив на финансии средства во однос на минатите години. Причина за ова, велат од Град Скопје, е новонастанатата состојба со коронавирусот.

Од Град Скопје информираат дека во првиот квартал од 2020 година, вкупните приходи и други приливи се остварени во износ од милијарда денари, што претставува остварување од 13 проценти во однос на планираното за целата година. Споредено со истиот период од минатата година, остварените приходите во првиот квартал од 2020 година бележат намалување од 11,8 отсто.

Остварените приходи во буџетот на Град Скопје за овој период, поделени по области се: трансфери и донации – 46,9 отсто, даночните приходи – 44 отсто, неданочни приходи – 6,3 отсто, и капитални приходи – 2,7 отсто.

-Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Градот за првиот квартал од оваа година, се извршени во износ од 1.2 милијардa денари, што претставува извршување од 16 отсто во однос на планираните расходи и одливи за оваа година. Основниот буџет во првото тромесечје од 2020 година има остварени приходи во износ од 543 милиони денари, што претставува остварување од 11 отсто во однос на планираното за целата година, а истото е намалено од 10 од 15 процентни поени во однос на изминативе 5 години. За подмирување на реализираните расходи во периодот, Градот искористи дел од вишокот на приходи од минататa година во износ од 321.769.620 денари, соопшти Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека расходите во основниот буџет за споменатиот период, се извршени во износ од 864 милиони денари, со процентуално извршување од 17 отсто од планираните средства за оваа година.

Градот соопшти дека приходите во буџетот на дотации за споменатиот период од 2020 година се остваруваат во согласност со динамика за трансферирање на одобрените средства, утврдена од ресорните министерства и тие се остварени во вкупен износ од 454 милиони денари, со процент на остварување од 24 проценти од планираните средства за 2020 година. Расходите во буџетот на дотации се извршени во износ од 346 милиони денари, односно процентуалното извршување изнесува 18 проценти од планираните средства за 2020 година.

-Во буџетот на самофинансирачки активности кој, всушност, е буџет на 23 (дваесет и три) средни училишта и 8 (осум) културни институции под надлежност на Град Скопје, остварени се приходи во износ од 30 милиони денари, а расходи во износ од 34 милиони денари, информираат од Град Скопје.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]