Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно работи


Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно работи - МИА

Гостивар, 9 април 2020 () – Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Гостивар од денеска повторно е отворена. Минатиот петок, здравствените власти привремено ја затворија, откако на тестирање еден вработен бил позитивен на Ковид19. Дваесетината вработени беа подложени на повторните тестирања кои се покажале како негативни.

Од гостиварскиот центар за јавно здравје за потврдија дека од утрово тие се на работа и ги извршуваат работните обврски. До отварањето, обврските на епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар беа покриено со соодветен кадар, додека вработените беа во изолација.

Епидемиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 120 тестирања и спроведуваа епидемиолошки анкети. Деновиве во функција беше ставен и пункт за земање брисови во некогашниот центар за хемодијализа.

 


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]