Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни


Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни - МИА

Гостивар, 8 април 2020 () – Постојат големи изгледи гостиварскиот центар за јавно здравје од утре повторно да биде отворен. Конечната одлука треба да ја донесат здравствените власти во текот на денот. Од петокот, превентивно вработените беа во домашна изолација. 

Ваквата најава за ја потврдија вработени во центарот, откако стигнале последните резултати на тестовите. Дополнителните тестирања на дваесетината вработени во гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје се покажале како негативни со што се исполнува еден од условите за нивно враќање на работа. 

Епидемиолошката служба земањето на брисови ќе го прави во одвоен дел, кој се наоѓа во некогашното одделение за хемодијализа. Вториот пункт се очекува да биде отворен деновиве во објект на здравствениот дом познат како „трудова медицина“. 

Работењето на гостиварскиот центар за јавно здравје беше отежнато откако на прв тест, медицински техничар во епидемиолошкото одделение се покажа како позитивен на корона тест. За да се спречи евентуално ширење на вирусот, здравствените власти го затворија, а вработените испратени во домашна изолација. ир 

Таг


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]