Гевгелискиот Црвен крст дистрибураше 140 хуманитарни пакети



Гевгелискиот Црвен крст дистрибураше 140 хуманитарни пакети - МИА

Гевгелија, 4 август 2020 () – Волонтерите на општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија денеска завршија со распределбата на 140 пакети со храна и средства за хигиена на примателите на социјална пензија. Пакетите се дел од донацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

– Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чијшто секојдневен живот е загрозен од корона вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски примања, велат од гевгелискиот Црвен крст.

Донации од грантот на УСАИД во износ од 330.000 американски долари ќе се делат наредните три месеци, а македонскиот Црвен крст се обврза во 33 локални центри, меѓу кои и во гевгелискиот, да организира обука за волонтери кои ќе им помагаат на оние кои се соочуваат со стрес или други социјални предизвици за време на здравствената криза. им/


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*