Гевгелиската Општа болница доби 20 болнички кревети


Гевгелиската Општа болница доби 20 болнички кревети - МИА

Гевгелија, 10 јули 2020 () – Со нови 20 болнички кревети е опремено одделението за физикалната терапија, кое работи во состав на гевгелиската Општа болница со проширена дејност.


 

Уште 20 кревети, како што е најавено од Министерството за здравство, се очекува да пристигнат во текот на наредната недела.

-Овие функционални болнички кревети ќе значат комплетна обнова на условите за сместување и терапија на нашите пациенти откако претходно беа обновени просториите за електро терапија, физикални вежби и просторот со базените во објектот, кој е граден пред речиси пет децении, рече д-р Митко Крџев, директор на гевгелиската Болница.

Минатиот месец, во Центарот за физикална терапија пристигна нова современа дигитална апаратура за рехабилитација на пациенти, вредна 20.000 евра, која беше набавена во рамки на проект од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. им/