Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево


Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево - МИА

Кичево, 16 мај 2020 () – Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица.

– Вчера во 09:45, на улицата „Маршал Тито“, во близина на Житниот пазар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од У.З.(40) од Кичево врз Ш.Ш. (56) од селото Зајас, соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР – Охрид информираат дека против  напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тој, исто така посочи дека во текот на изминатото деноноќие во Кичево и околината сите граѓани ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Димоски објасни дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. рз/


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]