Фирмите да поднесат барања до Општина Тетово за да може да работат викендов за време на полицискиот час


Фирмите да поднесат барања до Општина Тетово за да може да работат викендов за време на полицискиот час - МИА

Тетово, 8 април 2020 () – Фирмите и маркетите ќе можат да носат намирници за време на полицискиот час викендов, но потребно е да се пријават во Општина Тетово. Пријавите треба да се достават на електронската адреса info@tetova.gov.mk или да достават барање до архивата на Општина Тетово – утре (четврток ) од 8:00 до 14:00 часот. Барањата се истакнати на интернет страницата на општина Тетово www. tetova.gov.mk

-Ќе биде дозволено движење на максимум 10 вработени лица пријавени, вклучувајќи ги и доставувачитe  кои треба да имаат соодветна заштитна опрема. Исто така, сите аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на истата електронска адреса до четврток до 14 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Тетово и тетовскиот Црвен крст и СВР Тетово, соопшти Општина Тетово.

Да се пријават во Општина Тетово треба и економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки на и-мејлот info@tetova.gov.mk

Со одлука на Кризниот штаб и утре четврток нема да работат зелените пазари во насока на превенција од ширење на коронавирусот. ас/

 


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]