Филмот „Исцелител” на „Кино на отворено” во Кисела Вода


– Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“.

 

 

Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“.

Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре.