Филипче:Гевгелиската болница е одличен пример за справување со коронавирусот


Филипче:Гевгелиската болница е одличен пример за справување со коронавирусот - МИА

Гевгелија, 27 јуни 2020 () – Гевгелиската Општа болница во која нема ниту еден заразен доктор, ниту пак медицинска сестра, е одличен пример за успешно справување со коронавирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната работна посета на која оствари средба со дел од персоналот на болницата.



– Персоналот и епидемиолозите од болницата одлично се справија со оваа криза преку заедничка работа и благовремено споделување на информации меѓу докторите од претклиничките и клиничките специјалности,навремено се пристапи во брза идентификација на заболените со ставање на нивните контакти во изолација и сега во последните неколку дена практично нема новозаразени од Ковид-19 во Гевгелија, нагласи Филипче.

Тој ја пофали болницата дека е одлично подготвена и оти има дел во кој посебно се примаат пациентите за тријажа односно проверка дали се позитивни на вирусот или не, се прави анкета со нив и заради тоа, посочи, Гевгелија е градот во кој многу малку епидемиолозите имаат проблеми со неточни информации за разлика од нивните колеги од другите градови.

Покрај ова, на средбата со медицинскиот персонал во Гевгелија, се разговарало и за организацијата на работата во летните месеци,но посебно на есен кога покрај заболените од Ковид-19 се очекува да има посебен притисок и од пациенти заболени од сезонски грип или доколку повторно се јават морбилите.

По отворањето на границите, Филипче не очекува зголемен број на заразени од коронавирусот затоа што нивниот број побргу се зголемувал преку локална трансмисија на вирусот со кој, како што истакна, мора да се научиме да живееме преку примена на превентивни мерки и средства за лична заштита кои се применуваат секаде во светот. им/цр


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*