Фестивал на виното во Охрид од 22 до 24 јуни

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Кеј Македонија во Охрид од 22 до 24 јуни ќе се одржи второто издание на фестивалот на виното „Ohrid Wine Festival“, во организација на Крафт Продукција, а под покровителство на Општина Охрид.

Целта на фестивалот, како што соопшти денеска организаторот, е да се прослави виното преку убава музика, храна, дружење и забава.


– Покрај промоцијата за најдобрите македонски вина, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи, па очекувајте одлични имиња од македонската домашна музичка сцена, стои во соопштението.

Општина Охрид ги повикува туристите од земјава и странство на вистинско уживање во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна.

– По успешното прво издание, кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, очекуваме оваа година покрај домашните гости да ги задоволиме вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид, информира Општина Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK