Европската недела на мобилност во Гостивар



Европската недела на мобилност во Гостивар - МИА

Гостивар, 16 септември 2020 () – Со промоција на активностите со кои ќе се поттикнува превозот без автомобили, во Гостивар беше најавена Европската недела на мобилност. Еко активисти и вработени во локалната самоуправа на симболичен начин искажаа поддршка на активностите со кои ќе се подобрува јавното здравје и квалитетот на животот преку пешачење и возење велосипед.


 

Дел административците вработени во повеќе локални институции и еко-активисти, тргнаа пеш кон градскиот парк на градот каде беа презентирани планираните активности за наредната недела.

Валентина Штерјовска од еколошкото здружение „Гв Еко“ најави дека

за време на Европската недела на мобилност на 21 септември во летниот амфитеатар ќе биде претставена План програмата за чист град, а утредента на 22 септември ќе се спроведува „ден без автомобили“ со дефиле од пешаци и велосипедисти.

Зуди Џелили од одделението за екологија во општина Гостивар, нагласи дека локалната самоуправа работи интензивно во претворање на Гостивар во еколошки град и на планот со кој во градот ќе се воведе јавен превоз.

Европската недела на мобилност е кампања за едукација и подигнување на свеста за одржлива урбана мобилност како иницијатива на Советот на Европа и Генералниот директорат за мобилност и транспорт. ир