Есенски саем на книга во Валандово


– Во просториите на Домот на култура во Валандово во текот на изминативе три дена се одржа есенски саем на книга, каде беа изложени книгите од разни жанрови на издавачките куќи „Едука“, „Мак“, „Феникс“, „Македонска Реч“ и „Полица“.


 

Саемот, на чии штандови може да се најде разновидна литература за деца и возрасни, изминативе два дена го посетија учениците од основните и средното училиште од општинава, а денеска го посети и староновиот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов.

–Преку настаните од ваков тип настојуваме да втемелиме квалитетни навики кај најмалите и да негуваме суштински вредности во заедницата,а на повозрасните и редовни читатели да им создадеме ретка можност по намалени цени да си ги купат омилените книжни наслови од разни жанрови, рече Костадинов.