Електронското издавање книги успешен проект на Јавната локална библиотека „Илинден” од Делчево


Електронското издавање книги успешен проект на Јавната локална библиотека „Илинден” од Делчево - МИА

Делчево, 29 мај 2020 () – Во делчевската јавна локална библиотека „Илинден” повеќе од пет месеци успешно функционира електронското издавање на книгите. Директорката Билјана Петровска изрази задоволство што воведувањето на оваа програма го зголеми бројот на читатели во библиотеката, кои по паузата со работа на библиотеката заради коронавирусот, повторно ќе можат да ги бараат своите омилени изданија.

-Во врска со електронското издавање на книгите кој повеќе од пет месеци успешно функционира, сакам да ги информирам сите наши членови кои оставиле податоци кога се зачлениле, дека кога ке дојдат да вратат книга, ќе им кажеме на кој начин можат да се најават и да влезат во системот, за да имаат прегледност кои книги ги имаат прочитано, колку книги имаат земено и кога треба да ги вратат. Исто така ќе добиваат и известување на својот мобилен телефон пред последниот ден за враќање на книгите, рече Петровска.

Дел од читателите како што додава таа, предолго ги задржуваат книгите поради што со новата програма за работа, тоа нема да биде можно, бидејќи секое задржување подолго од еден ден, ќе се казнува парично.

-Поради епидемијата со вирусот библиотеката беше повеке од два месеци затворена. Сега повторно започнавме со работа и сакам да ги информирам сите наши читатели дека започнуваме со казни за ненавремено враќање на книгите. Како што знаат сите наши членови, тие имаат право да ја задржат книгата 15 дена, а доколку поминат 15 дена и книгата не е вратена ниту е продолжено нејзиното изнајмување за нови 15 дена, ќе се плаќа казна од 5 денари од ден за една книга, додава Петровска.

Ова како што додаваат од ЈЛБ „Илинден” е пракса низ повеќето библиотеки во државата, а се прави заради навремено враќање на книгите, без притоа насловите да се задржуваат повеќе време кај читателите. ир


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]