Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш



Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш - МИА

Штип, 13 јули 2020 () – На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти. синоќа информираше и за несреќата која се случи во близина на селото лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес“, а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата.  На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување. вдј/цр


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*