Движењето на екологисти со реакција по излеаното рудно јаловиште во Каменичка Река



Движењето на екологисти со реакција по излеаното рудно јаловиште во Каменичка Река - МИА

Кавадарци, 16 септември 2020 () – Движењето на екологисти денеска од Кавадарци се огласи со реакција по излеаното рудно јаловиште во Каменичка Река, на 14 овој месец.

-Каменичка река е притока на реката Брегалница, а таа пак на територија на општина Градско се влева во реката Вардар, која е дел од екосистемот на општините Градско, Неготино, Демир Капија и Гевгелија . Ете толкава е штетата од излевањето на јаловиштето која не е од краток и брзо минлив карактер, туку долг период ќе е присутна , со посебен акцент на општините кои се напојуваат од бунарска вода . Затоа треба да има соодветни реакции од надлежните инспектори и институции, кога станува збор за овие големи еколошки проблеми-хаварии, велат претседателот Никола Миленкоски и потпретседателот Роберто Паризов.

Тие нагласуваат дека како републичко движење и понатаму будно ќе ги следат еколошките жешки точки, кои ќе се појавуваат на територија на целата држава.свд/ир


Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*