Две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“


Две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“ - МИА

Скопје, 7 мај 2020 () – За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот жителите на околните згради во Скопје Север ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „WESTSIDE CONCEPT“, на театарот WESTSIDE. Додека, во 20:30 часот, во паркот во Кисела Вода, концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД.

Концертот ќе биде стримуван на: – фејсбук страницата на Град Скопје и на – Јутујуб каналот на Град Скопје.

– Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Оттаму информираат дека со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]