Дванаесет новозаразени од Ковид-19 во Кичево



Дванаесет новозаразени од Ковид-19 во Кичево - МИА

Кичево, 2 август 2020 () – Дванаесет новозаразени, три лица оздравени и еден починат пациент е денешниот биланс од состојбата со Ковид-19 во Кичево. Според податоците од Министерството за здравство, вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 172, од кои 105 се активни, 58 се излекувани и девет лица се починати.

– Денеска кај нас се забележани 12 новозаболени лица. Сите се лекуваат во домашни услови, под надзор на нивните матичени лекари и нивната општа здраствена состојба е стабилна. Се разбира сите се во изолација. Три лица ја добија битката со вирусот. Од друга страна денеска за жал имаме едно лице пациент на возраст од 72 година, што ја загуби битката со вирусот, истакна д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции. рз/оџ/

 

 

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*