Двајца млади заразени со коронавирусот во Тиквешко


Кавадарци, 16 јуни 2020 () – Дваесет и пет годишна кавадарчанка и 28годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирус во Тиквешко, за потврдуваат денеска  од Центар за јавно здравје Кавадарци. Дознаваме дека кавадарчанката работи како медицинска сестра.


 

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, појаснува дека двете лица засега се со лесна клиничка слика. Се работи на утврдување на контактите кои ги имале, со цел нивна изолација. свд/ир