Два дефибрилатори ќе добие Здравствениот дом во Битола


– Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола денеска ќе добие два дефибрилатори кои се донација од израелското Министерство за надворешни работи, соопштија од Израелската амбасада.

Оваа скромна помош е наменета за потребите на Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е од големо значење за оваа служба која има полни раце работа во услови на пандемијата од Ковид-19. Со денешната активност само продолжува пријателската соработка меѓу амбасадорот на Израел за Република Северна Македонија, Дан Оријан и директорката на Здравствениот дом во Битола, Весна Спиркоска која неуморно работи на зголемувањето на ефикасноста на установата. Се очекува оваа соработка да се збогати и со нови поголеми активности, информираат од Израелската амбасада.

Во таа смисла, како што се посочува, амбасадорот Оријан веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот дијабетес центар кој се планира да биде готов во почетокот на 2021 година, а во соработка со Министерството за здравство е отпочната постапка за реновирање на старата азбестна покривна конструкција над целиот објект, за која Израел најави подготвеност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици.

Модернизацијата на овој објект е од витално значење за обезбедување на превентивни услуги со висок квалитет за секој граѓанин. Тоа е од приоритетно значење и за Израел кој високо ја цени грижата на битолчани да го зачуваат споменот на некогашната еврејска заедница во овој град. Помошта ќе ја предаде Емилија Дуковски од Проектот Хоуп Македонија како организација која ја даде неопходната техничка поддршка за прием на меѓународната испорака. Проектот во многу наврати соработуваше со амбасорот на Израел, како на пример во програмата на организацијата Дрим доктори од Израел за обука на македонските здравствени работници. На настанот на примопредавање кој ќе се одржи на отворено во Здравствениот дом во Битола ќе присуствува и претставник од Министерството за здравство. Следниот месец се очекува израелска помош за Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за потребите на медицинските тимови кои се борат со заболените од коронавирусот, истакнуваат од Израелската амбасада.


Влада: Македонска банкарска асоцијација да изготви урнек за лицата кои не можат физички да пристапат до банките - МИА
Вести

Донесени повеќе кадровски решенија, Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е нов генерален секретар на Владата. Одлуката е донесена вечерва, на 24-та седница на Владата, заедно со повеќе кадровски решенија. Како што информира владината прес-служба, Амет Аџиу […]

Вести

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-546, Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, […]

Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството - МИА
Вести

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е назначен за генерален секретар на Владата, потврдија за за МИА од владината прес-служба. Одлуката за тоа е донесена на денешната владина седница. Мухамед Зекири доаѓа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*