Дука им порача на своите сограѓани дека успешноста на битката со коронависот зависи од совесноста на самите нив


Дука им порача на своите сограѓани дека успешноста на битката со коронависот зависи од совесноста на самите нив - МИА

Дебар,19 јуни 2020 () – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состтојба ја оцени како алармантна.

– Според информациите добиени од единицата за јавно здравје, состојбата со Ковид-19 ја оценивме како алармантна затоа што имаме голем број на ифицирани, а според пороценките на надлежните се очекува да има и други. Од петти овој месец до вчера регистрирани се 12 новозаразени. Од нив првозаразениот е веќе излекуван, еден болнички се лекува во болницата „Осми септември“ во Скопје, додека 10 се лекуваат во домашни услови. Во самоизолација се осумдесеттина лица, рече Дука.

Она што посебно загрижува, додаде тој, е фактот што новозаразените се млади лица од 20 до 30-годишна возраст.

Посочи дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви 68 се негативни.

-Зголемување на бројот на новозаразените, според нашата оценка е олеснувањето на рестриктивните мерки, непочитувањето на протоколите за работа посебно во кафулињата и рестораните, движењето по маркетите, како и во други инситуции, особено во банките, поштата… каде се забележуваат големи групи на граѓани. Доколку не се почитуваат препораките за заштита тогаш кај нас се очекува зголемен број на новозаразени, рече Дука.

Додаде дека Општата болница е подготвена за прием на евентуално нови болни и оти од Министертвото за здравство е доставен е апарат за кислород, како и 20 кревети.

-Безбедносната состојба е мирна. Единствено не загрижуваат неофицијалните информации дека лицата кои треба да се во самоизолација или оние на кои им се земени тестови за Ковид-19 или се веќе потврдени слободно се шетаат низ градот. Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките зашто успешноста на битката со коронависот зависи од совесноста на нас самите, порача Дука.

Тој рече дека доколку некој забележи вакво нешто може да се јави на телефонскиот број 834-100 или во полициската станица.

 

 

 

 

 

 

 


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*