До темел изгоре куќа на четиричлено семејство од кривопаланечкото село Луке 


До темел изгоре куќа на четиричлено семејство од кривопаланечкото село Луке  - МИА

Крива Паланка, 31 мај 2020 () – Во пожар кој избувна синоќа и гореше до раните утрински часови,  до темел изгоре семејната куќа на Р.А. од селото Луке, Кривопаланечко.

Од Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка, информираат дека дојавата ја добиле во 19 часот и 44 минути, но според проценките пожароти веројатно избувнал околу 18 часот. Го пријавиле соседите, откако по обидите да го гаснат, во услови на врнежи од дожд, не успеале.

-Нашата екипа поради непристапноста на теренот побара помош од уште едно теренско возило кое веќе за 15-тина минути беше на локацијата и петмина пожарниакри го гаснеа пожарот до 1 часот и 15 минути утринава. Целата куќа на ова четиричлено семејство, за жал, е изгорена, но спречено е ширење на пожарот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Станува збор за четиричлено семејство со две малолетни деца во основно образование, чиј мебел, покуќнина, лични работи, буквално ги однесе огнената стихија.

-Во целата несреќа, среќа е што семејтвото пред настанување на пожарот се оддалечило од домот, не биле дома ниту во времето кога настанал, но штетата е огромна, поради што освен подршката од хуманите соседи и роднини кои ноќва ги згрижија луѓето, сигурен сум, ќе биде потребна и друга помош, додаде Коцевски.

Увид извршила екипа од крим-техника од ОВР Крива Паланка и веќе се работи на утврдување на причините за настанување на пожарот.

Ова е шести пожар на подрачјето на Крива Паланка месецов, а 35-та интервенција на ТППЕ Крива Паланка во 2020 година. ид/


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]