Дислоцирана катната гаража и зачувани зелените површини во ДУП Градски четврт Даре Џамбаз


Со измените на Деталниот урбанистички план Градски четврт И 04 – Даре Џамбаз, што Општина Центар ги усвои во вторникот, се дислоцира предвидената катна гаража и се зачувани постоечките зелени јавни површини.

Катната гаража е дислоцирана на локација непосредно до булеварот „Македонија“, а е задржано и постоечкото детско игралиште меѓу трите станбени блока каде требаше да се гради паркинг.

Со новиот ДУП се брише и надградбата на постоечки објект кој се наоѓа  меѓу двете најсеверни кули во комплексот градби долж улицата „11 Октомври“ што значи дека сите објекти се задржуваат во постојната состојба.

Се задржува и обврската за инвеститорите да обезбедат доволно паркинг места во рамки на парцелата каде градат.

– Обврската за инвеститорите, за паркирање во сопствена парцела која се имплементираше и во претходните ревидирани ДУП-ови, се имплементира и во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз. Така, услов за реализација на единствениот планиран објект со намена домување во станбени згради во овој ДУП, е обезбедување на потребниот број на паркинг места во рамките на градежната парцела, за разлика од претходниот план каде беше дозволено паркирање во планираната катна гаража, појаснуваат од Општина Центар.

Според градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, од усвојувањето на првиот ДУП по мораториумот, паркирањето во рамки на сопствена парцела станува обврска на секој иден инвеститор.

– Наша цел е и државното земјиште, кое согласно претходните ДУП-ови било планирано за изградба на објекти, да го пренамениме во јавни површини од интерес на граѓаните. Од првиот момент, од воведувањето на мораториумот, при носење на ревидираните ДУП-ови се стремиме да ги запазиме параметрите на урбано и хумано домување, да напраиме планови кои ќе обезбедат непречено струење на воздухот и доволно природна светлина помеѓу објектите. Со имплементирање на сé ова, во целост ќе се потврди оправданоста на мораториумот, изјави денеска Богдановиќ.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7,85 хектари.


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]