Димитриевски: Формирано граѓанско здружение „За посветла иднина“ во Гевгелија, граѓаните се обединуваат, го препознаваат граѓанскиот концепт на вредности

347450439_1395275841311269_4000300514097874194_n
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека вечерва во Гевгелија е формирано граѓанското здружение „За посветла иднина“, а на средбата со иницијативниот одбор за претседател е избран Ангел Купанов.

„Граѓанското движење се шири низ цела Македонија, граѓаните се обединуваат и го препознаваат граѓанскиот концепт на вредности! Продолжуваме и во останатите градови во државата, во септември формираме граѓанско здружение и во Скопје!“, рече Димитриевски.


Досега, граѓански здруженија се формирани во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово и Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK