Дезинфекција на заедничките простории во сите станбени објекти во Македонска Каменица


Дезинфекција на заедничките простории во сите станбени објекти во Македонска Каменица - МИА

Македонска Каменица, 8 април 2020 () – Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица започна повторна дезинфекција на влезовите и заедничките простори во колективните живеалишта.  Покрај овие активности од „Камена Река“ изјавуваат дека продолжува миењето и дезинфекцирање на сите градски улици.

-Покрај дезинфекцијата на сите градски улици и јавни површини во тек е и повторно целосно дезинфицирање на сите станбени згради, просторите и приодите кон маркетите, банки, пошта и јавни установи. Миењето и дезинфекцирање на сите градски улици исто така продолжува, поради што апелираме до граѓаните да ги отстранат своите возила од коловозите, истакнаа од „Камена Река“.

Во наредниот период како што додадоа ќе продолжи делењето дезинфициенси за сите станари во индивидуалните живеалишта.

-Граѓаните кои живеат во индивидувални живеалишта дезинфекционо средство можат да набават секој работен ден во кругот на претпријатието, додаваат надлежните.

Согласно препораките и мерките донесени на состанок на Општинскиот Кризен штаб на Македонска Каменица, екипи на „Камена Река“ активно се вклучени и во изработката на пунктови за дезинфекција на возилата при влез во Македонска Каменица.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]