Дезинфекција на јавните површини во централното градско подрачје на Гевгелија


Дезинфекција на јавните површини во централното градско подрачје на Гевгелија - МИА

Гевгелија, 16 септември 2020 () – Неповолната епидемиолошка состојба последниве денови во Гевгелија и регионот, како и почитувањето на протоколите за работа и примена на мерките за заштита од ширење на корона вирусот, придонесе рано утрово, на барање од Општинскиот кризен штаб, да се изврши дезинфекција на јавните површини во центарот на градот.

Дезинфекцијата ја изврши екипа на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од каде соопштија дека со заштитно средство е извршено миење на градското шеталиште, просторот околу Градската библиотека, старата чаршија, паркинг просторот кај „Стопанска банка“ и просторот околу објектите на локалната самоуправа и Општинскиот суд кои се и најфреквентни во текот на денот.

Општина Гевгелија упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за внимателност, редовно да носат заштитна опрема, редовно да ги мијат рацете и задолжително да одржуваат социјална дистанца. им/


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*