Деведесет единици крв се обезбедени денеска во крводарителската акција „Захарчев 2023″ во Кавадарци, во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска Организација Кавадарци, во соработка со семејството и пријателите на починатиот Марјан Захарчев, реализирана од екипата од Институт за трансфузиона медицина Скопје.
Крводарителите даруваа крв во просториите на Дом на култура „Иван Мазов Климе” Кавадарци.
– На оваа крводарителска акција беше пројавен голем интерес за крводарување, се спроведува трета година по ред во чест на Захарчев кој беше крводарител и хуманист, потенцираа од Црвен крст Кавадарци.