Детскиот културен центар Карпош организира манифестација „Движи се за здравје“



Детскиот културен центар Карпош организира манифестација „Движи се за здравје“ - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје организира манифестација „Движи се за здравје“, како дел од Европската недела на движењето, која се одржува од 16 до 22 септември.

Манифестацијата „Движи се за здравје“, ќе може да се следи онлајн на Фејсбук страницата и „Јутјуб“ каналот на центарот, денеска од 10.00 до 12.00 часот.

Од ДКЦ Карпош нагласуваат дела целта на оваа манифестација е потсетување дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен развој и раст кај децата, како и подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст, но и воедно децата учат да стекнат навика да го практикуваат спортот. ир/


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*