Десет образовни асистенти од Куманово кои ќе им помагаат на учениците-основци од ромска етничка заедница



Десет образовни асистенти од Куманово кои ќе им помагаат на учениците-основци од ромска етничка заедница - МИА

Куманово, 16 септември 2020 () – Десетте образовни асистенти кои се ангажирани во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите“ ги потпишаа договорите во Општина Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.

Асистентите ќе бидат ангажирани за период од шест месеци по 20 часа неделно во рамки на програмата општинско корисна работа на проектот „Креирање можности за работа за сите” финансирана од швајцарска агенција за развој и соработка во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување.

– Проектот ќе се реализира во четири основни училишта од општина Куманово „Христијан Карпош“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“. Образовните асистенти ќе бидат присутни на часови со ученици од прво до деветто одделение, ќе им помагаат на ромските ученици во спречување на јазична бариера и ќе имаат ангажман на медијатори помеѓу стручните служби во основните училишта, образовниот асистент и родителите, изјави Ахмет Јашаровски, соработник од одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) од Куманово.

Општината го објави повикот во август, годинава, а право на учество во програмата имаа невработените лица, при што предност имаа лицата кои за прв пат се јавуваат за учество. Кандидатите кои се избрани ќе добијат паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Работните позиции се однесуваат на ангажирање на образовни асистенти за првоодделенци и за ученици од второ до деветто одделение. Во повикот се бараа пет асистенти за работа со првоодделенци и пет за ученици од второ до деветто.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*