Денот на пожарникарите одбележан со чистење и уредување на трим патеката над Струмица


Денот на пожарникарите одбележан со чистење и уредување на трим патеката над Струмица - МИА

Струмица, 20 мај 2020 () – Пожарникарите од Територијалната против пожарна единица на Струмица го одбележаа Денот на пожарникарите со чистење и уредување на трим патеката, која води до манастирот „Свети Илија“ над Струмица.

-Денот на пожарникарите годинава го обележуваме на поинаков начин поради состојбата со пандемијата. Патеката ја исчистивме од трева и гранки над неа, а оградите на трите мостови ги бојадисавме и уредивме. При тоа беше извлечен, подигнат и повторно поставен и четвртиот мост, кој беше однесен и делумно оштетен од поплавата во 2010 година. Тоа го правиме со единствена цел да им овозможиме уште подобри услови на нашите сограѓани за користење на омиленото место за рекреирање и спортување, рече Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Тој информираше дека од почетокот на годината до денес пожарникарите забележале 204 интервенции од секаков карактер.

По повод Денот на пожарникарите им беа доставени благодарници на поединци и организации за успешна соработка во изминатиот период. ир


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]