Денеска и утре во општина Кичево ќе има теристичка дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје Битола


Денеска и утре во општина Кичево ќе има теристичка дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје Битола - МИА

Кичево, 22 септември 2020 () – Екипа на Центарот за јавно здравје Битола денеска и утре во Кичево ќе спроведе превентивно теристичко дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 18.30 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.


 

Во оваа трета фаза со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 800 хектари на следните локацијата: Градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојани води, подрачјата околу канални системи на територијата на Општината, урбани населби и локалитети регистрирани во договор со Локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците, вели Сузана Тасеска од РЦУК во Кичево.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN‘ широко појасен инсектицид за третирање на комарци одобрен од бирото за лекови. Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други надлежни институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, објасни Тасеска.рз/ир