Делегацијата на прилепската локална самоуправа положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто


Делегацијата на прилепската локална самоуправа положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто - МИА

Прилеп, 24 јули 2020 () – По повод 63 години од смртта на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, делегација на прилепската локална самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски денеска положи цвеќе и му оддаде почит на македонскиот деец пред неговиот споменик во центарот на градот.



Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп, а својот живот го завршил на 24 јули 1957 година.