Делчево ќе се збратими со реонот Младост – Општина Варна во соседна Бугарија


Делчево ќе се збратимува со реонот Младост – Општина Варна, соседна Бугарија. Како што информираат од Општината, станува збор за партнерство со еден од најголемите црноморски градови во Бугарија, кое ќе биде од особено значење за двете општини.

 

 

-Партнерството со реонот Младост, кој се наоѓа во градот Варна, трет по големина во земјата, е договорено на првата средба меѓу градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и градоначалникот на град Варна – реон Младост, Христо Христов која се оствари денеска во кабинетот на градоначалникот Трајковски, информираа од Општината.

На средбата била изразена заедничката заложба за реализирање активности во повеќе сфери од општественото живеење.

-Меѓу областите на кои посебно ќе се обрне внимание се културата, образованието, економијата и други, додадоа од Општината

Делчево е општина која е збратимена со уште седум општини од европскиот континент. Меѓу нив се и општините Горажде од Босна и Херцеговина, Симитли и Благоевград од Бугарија, Јагодина од Србија, Вишгород од Украина, Борнова од Турција и Жирардув од Полска.