Делчево дел од проектот „Ослободи го умот за корупција“


Делчево дел од проектот „Ослободи го умот за корупција“ - МИА

Делчево, 23 септември 2020 () – Со симболично засадување на дрво јавор во градскиот парк во Делчево почна реализацијата на иновативниот проект „Ослободи го умот за корупција“.

Проектот го спроведува Здружението на граѓани – Театар Боеми, чиј раководител Нелко Нелковски истакна дека проектот ќе се спроведува во период од 12 месеци со поддршка на Министерството за локална самоуправа и под покровителство на претседателот на државата.

-Станува збор за проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.Проектот ќе опфати 30 градови и ќе вклучува околу 70 претставници во секој град – Како алатка ќе се користи Форум Театарот како форма на интерактивна игра со публиката, за преку уметничко креирање и дијалектички пристап, да се создаде театарска претстава што ќе комуницира со публиката живо и интензивно, истакна Неловски.

Освен интерактивната претстава, во рамки на проектот предвиден е и документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во земјава, а сите учесници ќе станат членови на Националната мрежа за подигнување на свеста за корупција под име „Развој“.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека реализацијата на проектот значително ќе придонесе за подигнување на свеста за корупцијата.

-Самиот проект дава можност за организирање соодветна и т.н. мрежа за развој, каде активни членови ќе бидат и претставници од Делчево, што ќе отвори перспектива за мобилизирање на сите позитивни вредности за развој на општината и, воопшто, на општеството. Со симболичното засадување на дрвото јавор кое се смета за дрво на интелегенцијата и има исклучителна симболика поврзана со напредокот и развојот, испраќаме порака дека Делчево е насочено кон развојот и, воопшто, развој на позитивните вредности во едно општество, рече Трајковски.

Во Делчево во текот на ноември во рамки на овој проект ќе се формира и локален совет за развој на општината со усвојување на конкретни програми за работа.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*