Дехари упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам


Дехари упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам - МИА

Кичево, 24 мај 2020 () – Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед по повоd големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.



– По завршувањето на светиот месец Рамазан каде што верниците од исламска вероисповест ја покажаа својата посветеност и солидарност за да ги исполнат заложбите и религиозните обврски, доаѓа големиот празник Рамазан Бајрам, пишува Дехари.

Овој празник симболизира разбирање и љубов за сите луѓе, а особено за оние кои се во најтешка социјална ситуација и им треба подадена рака од општеството и државните институции.

По повод овој ден, упатувам искрени честитки за сите верници на муслиманската вероисповест кои живеат во Кичево и секаде во светот,
додава Дехари во честитката. рз/цр