ЦЈЗ Куманово: Единаесет новозаболени, 33 оздравени, еден починат од Ковид 19


Шест новозаболени, седум оздравени од Ковид-19 во Куманово - МИА

Куманово, 18 септември 2020 () – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, 11 новозаразени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 33 пациенти од Куманово Починат е еден пациент (48) соопшти Министерството за здравство



– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица-изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи

Денеска, извршени се 41 тестирања од кои 24 преку „Мој Термин“ и 17 тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.655, а во моментов активни се 192 случаи. ир