
Куманово, 16 септември 2020 () – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, 17 нововозаболени лица од Ковид 19, од кои 16 од Куманово и еден пациент од општина Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 13 лица.
– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица, од семејства, колеги, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска извршени се 33 тестирања од кои 28 преку „Мој Термин“ и пет тестирања согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.628, а во моментов активни се 200 случаи. оџ/