Чулев:МВР не би сакало да врши притисок врз верските заедници


Чулев:МВР не би сакало да врши притисок врз верските заедници - МИА

Струмица, 22 мај 2020 () – На жалбите од верници од ИВЗ дека полициски службеници ги замолувале да немаат молитви за празникот Рамазан Бајрам, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев со став дека Координативното тело при МВР донело одлука припадниците на МВР превентивно да делуваат во насока на спречување на било какви поголеми собири или кршење на мерките.

Министерот Чулев ја пофали денешната превентивна акција на струмичката полиција за делење маски и ракавици и додаде дека такви акции МВР секојдневно реализира.

– Постапувањето на МВР беше во насока да им се укаже на припадниците на верската заедница, односно на свештениците, да постапуваат согласно одлуките и мерките на Владата, а не да не се одржуваат верски молитви, туку сите тие молитви да бидат правени согласно мерките и одлуките на Владата. Значи, Министерството за внатрешни работи во никој случај не би сакало да врши притисок врз верските заедници во нормално извршување на нивните верски обреди, рече Чулев за време на дешната посета на Струмица. цр


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]