Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци со награди за ракија на меѓународен натпревар во Србија

vinarnica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци, освоија награди за квалитетно произведена ракија на меѓународен натпревар во Србија, информираше вечерва Панче Арсовски, претседател на здружението.

-По повод учество на меѓународен натпревар кој се одржуваше во Кикинда, Војводина, Република Србија, наша делегација од здруженијата на индивидуални производители и мали семејни бизниси,  „Ж’та“ и „Винотек“, со поддршка од Општина Кавадарци, беа учесници и почесни гости на домаќините. Членови на здружението на мали дестилерии „Ж’та“, освоија прво и второ место во лозова ракија, златна награда во производство на „вилјамовка“ и трето место во севкупен пласман, појасни Арсовски.


Тој потсети дека за неколку дена, на 24 мај, го организираат фестивалот „Ракијада Тиквешија 2023“, во Вински музеј Кавадарци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK