Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација


 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била хоспитализирана со негативен тест на Ковид 19 и дијагноза бронхопневмонија. Но по влошувањето на состојбата и новиот земен брис пациентката се покажала дека е позитивна на корона вирус.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е направена целосна реорганизација на ова одделение, на кое во моментов за пациентите се грижат еден инфектолог, еден специјализант, а на испомош ќе им дојде инфектолог од струмичката болница.

-Кадарот е пополнет, што се однесува до медицинските сестри е пополнет со медицински сестри од другите одделенија и во договор со Министерството за здравство ќе ни биде пратена една лекарка инфектолог од Општата болница во Струмица, која веќе од недела, односно од утре ќе се вклучи во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов на ова одделение се хоспитализирани двајца пациенти со средна клиничка слика, кои се позитивни на коронавирус, а остантите се лекуваат во домашни услови и се во секојдневен контакт со инфектолозите. Ѓеорѓијев вели дека по потреба се донесуваат и на контроли во одделението. Според него добро е што сите пациенти кои се во домашна изолација имаат добра здравствена клиничка слика.

Тој денеска информираше и  дека на испомош на кумановската болница за наредните две недели имаат пратено еден лекар интернист. Апелира медицинскиот кадар кој во моментов е на првите борбени редови да се заштитува и да ја користи заштитната опрема, онако како што е пропишано. Донациите во опрема пристигнуваат секојдневно од фирми, но и од граѓани. Најави дека во понеделник ќе спроведе итна јавна набавка на заштитна опрема, која смета дека ќе биде доволна за наредните два месеца за вработените во болницата.

Во Штип првите случаи на заболени од коронавирус беа потврдени пред дваесеттина дена, се очекува наредната недела Институтот за јавно здравје да информира колку од нив се излекувани.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]