Четири нови случаи со Ковид-19 во Куманово


Девет новозаболени лица од КОВИД-19 во Кумановско - МИА

Kуманово, 1 јули 2020 () – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири лица заболени со Ковид – 19 во таа општина, соопштија денеска надлежните.


 

– Има нов кластер во кумановско, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Извршени се вкупно 22 тестирања, од кои 17 по „МојТермин“ и пет контролни брисеви. Според денеска објавените податоци, оздравени се 92 пациенти од Куманово. Од почетокот на епидемијата, досега, во Куманово се дијагностицирани 760 заразени, а активни се 211 случаи.