Честитка од градоначалникот Коцевски повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите


Честитка од градоначалникот Коцевски повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите - МИА

Велес, 8 април 2020 () – Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски во името на општинскиот Совет и во свое лично име, до припадниците на ромската етничка заедница во оптината упати искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

–Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности, цврстата определеност за соживот и меѓусебното почитување е важен дел од хуманиот развој на нашето општество и демократијата, потенцира Коцевски во честитката.

Тој информира дека Општина Велес во континуитет спроведува одржливи активни мерки со цел подобрување на животниот стандард на сограѓаните Роми.

-И натаму ќе се заложуваме за зајакнување на социјалната и економска вклученост на Ромите во вкупните општествени текови, за унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација и заштита на човековите права на Ромите, стандарди кои Општина Велес ги почитува и применува, најави Коцевски.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]