Бројот на оздравени ковид пациенти во гевгелиско со растечки тренд


– Денешниот најнов биланс од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија покажува дека бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 бележи евидентен пораст, бројот на новозаразени се намалува, а кривата на починати веќе е праволиниска што укажува на поволна епидемиолошка состојба во регионот, велат од болницата.


 

Според епидемиологот Сашо Олумчев,на приказот очигледно е веќе разијдувањето на кривите на оздравените и новозаразени пациенти и дека процентот на смртност од Ковид-19 во регионот е најнизок во земјава.

– Конечно имаме поволна епидемиолошка состојба на југоистокот,поточно во општините Гевгелија,Богданци и Дојран,кои се под наша надлежност,благодарение на 24 часовното ангажирање на здравствените работници,целиот медицински и помошен персонал,но секако и на граѓаните кои со дициплинирано,одговорно и совесно однесување дадоа голем придонес за подобрување на состојбата,рече Олумчев.

Епидемиологот Олумчев им честиташе на граѓаните за почитувањето на мерките за заштита од невидливиот противник и апелираше да продолжат така и понатаму оти само на тој начин ќе бидеме уште поуспешни во справувањето со корона вирусот.